Достапни линкови

logo-print

Економски, правен и медицински најатрактивни


Првиот рок за запишување на студенти на државните универзитети се спроведува денеска и утре. На скопскиот универзитет Свети Кирил И Методиј за упис во прва година слободни се речиси 8 илјади И деветстотини места, од кои најголем дел или околу 4 илјади се за студиите на општествени науки, економски, правен, филозофски, филолошки И педагошките факултети во Скопје И Штип.
Идните студенти со различни размислувања, некои гледаат перспектива, а некои пак велат рано е да се размислува за тоа

,,Ќе одам на филолошки.”
,,Гледано во целост нема за ништо работа, освен ако немаме пријатели да не бутнат некаде.”
,,Ќе се запишам на правен факултет. Мислам дека има најмногу перспективи на овој и економски факултет.”


Дел од факултетите веке подолго време се поатрактивни за идните бруцоши, мегу кои И правниот

,,Правниот факултет во изминатите децении има многу повеќе кандидати, така што навистина е гужва. Не се случувало да нема најмалку 40 насто и повеќе од местата кои се предвидени за влез,”

изјави Сашо Георгиевски продекан на Правниот факултет.

Бројот на слободни месат пак е помал на факултетите за медицински науки, околу шестотини, на афкултетите од уметностите речиси сто И деведест.

Приемните испити се полагаат на 4 и 7 јули, освен на факултетите од областа на уметностите каде приемниот испит ќе се спроведува од 4 до 11 јули. Оние кои нема да се запишат сега, доколку има слободни места на некои од факултетите ке имаат можност да конкурираат во вториот уписен рок почЕток на септември, или третиот во втората половина на септември. Уписите на државниот универзитет во Тетово, каде има илјада И деветстотини слободни места, започнати се на 27 јуни, а траат до 30 јуни, а на Штуловиот универзитет започнаа на 15 овој месец, а завршуваат утре.
XS
SM
MD
LG