Достапни линкови

logo-print

Багдад: Убиен член на ирачкиот парламент


Членот на ирачкиот парламент Дари ал Фајад е убиен изутрината заедно со неговиот син и тројца телохранители во самоубиствен напад врз нивниот конвој на северот на Багдад. 87 годишниот Ал Фајад член на владеачката шиитска партија втор парламентарец убиен во овие два месеца по изборот на новата влада. Јужно од Багдад пак бомбаш самоубиец облечен во полициска униформа уби три лица разнесувајчи се во болница во градот Мусаиб. Во Ирак е соопштено и дека на 15 јуни загинал Љубиша Алексиќ првиот граѓанин на Босна и Херцеговина. Други детали не се соопштени.
XS
SM
MD
LG