Достапни линкови

logo-print

Кабул: 178 Талибанци убиени во јужен Авганистан


Во акцијата на американските и авганистанските сили во јужен Авганистан во изминатите три дена се убиени 178 талибанци, а 56 се заробени, соопшти авганистанското Министерство за одбрана. Талибанските водачи, за кои се претпсоатвува дека се кријат во провинциите Кандахар, Орузгун и Забул, успеле да избегаат. Во операциите на американските и авганистанските сили против остатоците од поранешниот талибански режим од март досега се убиени повеќе од 300 талибанци, од кои 200 само во последната седмица.
XS
SM
MD
LG