Достапни линкови

logo-print

Дополнителни услови за Македонија, покрај веќе познатите


За олеснување на визниот режим во кој се наоѓа Македонија, освен трите услови согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, кои подразбираат осовременување на граничната конторла, потипишување на договорите за реадмисија и нови пасоши по европски стандарди, според критериумите на Европската Унија, Македонија мора да исполни и дополнителни услови, кои подразбираат реформи во судството, владеење на правото, безбедноста, економијата. Македонските власти најавуваат дека се преземаат сите напори да се исполнат потребните услови. Од Министерството за надворешни работи потенцираат:

„Наскоро очекуваме оценка од комисијата на ЕУ, што ќе биде уште една прилка за запознавање на досега постигнатото во сферата на правдата и внатрешните работи, значајна од аспект на нашето прибилижување кон ЕУ, од аспект на мислењето на ЕУ за кандидатурата на Македонија за членство во Европската Унија, но исто така и од аспект на либерализација на визниот режим“.

изјавува Бранко Трајковски раководител на секторот за конзуларни работи во МНР.

Наспроти ставот на МНР, домашните ескперти пак по прашањето за либерализација на визниот режим за државава, сметаат дека македонската дипломатија не се потрудила доволно да ги искористи искутвата од поранешните земји во транзиција од кои некои веќе членки на Европската Унија, во поглед на ова прашање. Во оваа наоска универзитетскиот професор Димитар Мирчев и поранешен македонски амбасадор објаснува:

„Нашата дипломатија мора да бара укинување на визниот режим или олеснување додека не станеме земја членка на Унијата“

Во меѓувреме предупредува професор Мирчев од визната излоација во која со години се наоѓа Македонија трпат граганите, но и економијата во земјава.

„Ние не можеме да имаме договори за слободна трговија, а од друга страна комуникациите на луѓе да бидат лимитирани,“

вели професор Мирчев.
Слично како и критиките на кои укажуваат експертите, револтирано реагираат оние најзасегантите без дипломатски пасоши, граѓаните, стопанствениците, бизнисмените, студентите од кои од големо значење, но и потреба им е патувањето во светот.

„МНР треба да се заложи за изноѓање соодветно решение.“
XS
SM
MD
LG