Достапни линкови

Отфрлен законот според кои странците мора да платат осигурување за брак од 50 илјади долари


Жените и мажите во Туркменстан до пред извесно време беа најскапите невести и младоженци во светот. Тоа беше така се додека претседателот Сапармурат Нијазов не го отфрли законот според кој странските државјани требаше да платат таканаречено осигурување од пеесет илјади долари за да можат да стапат во брак со граѓани на Туркменистан. Но, деновиве Нијазов донесе нов декрет со цел, како што смета, да ги заштити своите луѓе од браковите со странци.

Кумуш Нарзиева е туркменка која скорогодини живее во узбекистанскиот град Талимарџан. Таа и нејзиниот свршеник инаку узбек, илегално ја минале границата за да можат да се земат.

„Избегав со мојот сопруг, бидејќи го сакав. Нашите родители не го сакаа тоа и еве веќе две ипол години не ни зборуваат. Чеизот е многу комплицирана работа во Туркменистан. Некои мажи зараборуваат пари, други не. Тие не можат да платат за чеиз и затоа тие грабаат туркменки.“

Според тамошните закони, свршеникот на Нарзиева требаше да исплати пеесет илјади долари за да добие официјално одобрување за да ја земе. Покрај тоа, тој требало да поседува сопствена куќа и најмалку една година да живеел во Туркменистан за да има право да се жени. Претседателот Нијазов овој закон го издаде во две илјади и првата година со цел, како што објасни, да ги заштити жените од злоупотреба, односно парите да бидат своевидно осигурување за неа и децата во случај на развод. Ваквите услови беа високи дури и за потенцијалните младоженци од Запад, а камо ли за луѓето во Туркменистан и во Узбекистан кои традиционално се земаат меѓу себе. Откако овој закон стапи во сила многу туркменки избегаа или беа доброволно киднапирани од узбеци кои со плата од дваесет долари месечно не беа во можност да платат за невеста. Поради тоа одредбата за пеесет илјади долари беше избришана во март годинава, но неколку недели потоа претседателот Нијазов кој себе си се нарекува татко на нацијата издаде нов декрет. Со него се предвидува државјаните на Туркменистан и нивните идни странски брачни другари да потпишат договор за тоа како ќе биде нивниот имот во случај на развод.

„Со цел да бидат заштитени правата на туркменистанските граѓани кои имаат намера да се венчаат со странци, претседателот Нијазов потпиша декрет.“

Беше соопштено на официјалната телевизија. За многумина посматрачи станува збор за чекор што требаше да биде преземен порано.

„Ваквата одлука требаше да биде донесена во почетокот на независноста кога властите велеа дека почнале создавање на секуларна држава. Со тоа ќе беа спречени многу трагедии. Укинувањето на одрдебата за исплата не е ја претставува вистинската волја на владата. Таа е резултат од притисокот на меѓународната заедница.“

Вели Таџиѓул Бегмедова од туркменистанскиот Хелсиншки комитет за човекови права. Но, и покрај укинувањето на исплатата од пеесет илјади долари, туркменките и натаму важат за едни од најскапите невести. И за туркменците. За традиционалниот чеиз, младоженецот треба да даде триесет и шест овци, триесет и шест фустани, најмалку четири сандаци водка и шестотини долари.
XS
SM
MD
LG