Достапни линкови

logo-print

Закон за внатрешни работи


Министерството за вантрешни работи не е предлагач на изментите на законот за Внатрешни Работи кои се на дневен ред на собраниската седница . Владата е таа која ги предложи овие измени велат од МВР кои имале забелешки на ваквите измени а не биле прифатени на владина седница.

Со новите измени на овој закон се регулираначинот на избор на началници на полицијата што со новот закон за децентрализација е во надлежност на општините.
Со предложените измени се предвидува советите на општините да изберат 38 началници бидејки од 84 само 38 општини ги исплонуваат условите , односно имаат полициски станици во нивните граници. Измените на законот оставаат простор доколку во мегувреме некоја од општините ги исполни условите и се отвори полициска станица во нивна територија , да важи истата одредба и советите на овие општини да го избераат началникот.

Од државните институции никој не се нафака да ги коментираа предложените измени на законот за внатрешни работи и што точно се предвидува со нив. Топката се префрла од една на друга страна. МВР вели владата е предлагач и тие треба да ги објаснат измените , а во министерството за Локална Самоуправа пак со спротивен став ,тоа е закон за кој треба да говорат во МВР.
Инаку и овие измени на законот за внатрешни работи е во согласност со рамковниот Договор. Во Анексот Б на овој договор во кој спажаат измените на законодавството во точката 4 каде се опфатени Законите кои се однесуваат на полицијата лоцирана во општините се вели:

,,Секој локален началник на полицијата ке биде избран од страна на советот на засегнатат општина од листа која не содржи помалку од тројца кандидати предложени од МВР, мегу кои барем еден кандидат припажа на заедницата во мнозинство во општината.”

Освен одредбата дека МВР ке предложи тројца кандидади и дека по нив треба да се изјасни советот на општина во измените на законот не стои дека мегу тројцата кандидати еден од нив треба да припаѓа на заедницата која е мнозинство во општината.
XS
SM
MD
LG