Достапни линкови

Професорите и учениците согласни, потребни се реформи


Македонија се обидува да спроведе европски стандарди и во средните училишта. Засега најбавно оди обезбедувањето квалитетна настава, иако последниве години се работат повеќе проекти, велат во Министерството за образование.
Миле Гиновски, претседател на асоцијацијата Стремеж, со години го следи образованието. Тој вели дека меѓу другото, треба да се работи на квалитетот на програмите, на едуцираноста на професорите, и на учебниците.

,,Тврдам Македонија има кадар, средства и треба подобра организација да си ги решиме работите,”

истакнува Гиновски

И Димитрија Дамески, кој е професор по социологија во гимназијата Раде Јовчевски-Корчагин, смета дека организацијата во средните училишта е слаба. Според него, од средношколците се бара да учат детали, кои не се помнат, наместо да се учат практични работи, кои подоцна ќе им користат. А, проблемот е во тоа што-

,,Никогаш нашиот систем не се темелел на размислувањата, на видувањата на учениците, односно нивните родители.”

Учениците велат дека многу работи треба да се променат.

,,И програмата и професорите.”
,,Распаднатото школо.”
,,Да нема мито и корупција.”
,,Врски да нема.”

Министерството за образование прави напори да ги подобри условите И во гимназиите И во стручните училишта, вели раководителот на секторот за средно образование, Агим Фазлиу.

,,Веќе работиме на овие прашања и мислам дека сме на добар пат да биде многу блиску до стандардите на европските земји”


Од ресорното министерството велат дека со воведувањето на државната матура за гимназијалците И со новите проекти за осовременување на стручните училишта, Македонија е чекор поблиску до стандардите на Европа.
XS
SM
MD
LG