Достапни линкови

На дневен ред предлог законот за употреба на знамињата


По јавната дебата и дискусиите во собраниските комисии предлог законот за употреба на симболите на етничките заедници во земјава конечна се најде на собраниска седница. Речиси сите политички партии па и експертите упатија јавни критики кон владиниот предлог закон.

За македонските политуички партии не смее да се дозволи во земјава да се легализира употреба на знаме да дуга држава, албанските политички партии од друга страна бараат укинување на цензусот од 50 и албанското знаме да се употребува и во општините каде во офицјална употреба е и албанскиот јазик.
Тоа го бараат и пратениците од владеачката ДУИ.

,,Ние сугерираме, нашиот амандман во општините каде што етничките заедници не се во мнозинство, знамето да се употребува и пред месните заедници, училиштата и културните домови,”

изјави координаторот на пратеничката група Рафиз халити. И за нивниот коалиционен партнер ЛДП владиниот предлог е неприфатлив:

,,И доколку нашите амандмани се прифатат, тогаш ќе го поддржиме предлогот, во спротивно ќе гласаме воздржано.”

вели паретничката Роза Тупузовска Каровска. Експертите се на став дека ваквиот предлог е противуставен:

,,Имајќи предвид дека членот пет од Уставот не е изменет, може да се постави прашањето што ќе биде ако одредена етничка заедница за знаме избере знаме коешто е државно знаме. Ако тоа се случи, тогаш тое ќе дојде во судир законската одредба со членот пет од Уставот,”

вели професорот по уставно право Светозар Шкарик. Со слично мислење излезе и Македонското Хералдичко Здружение.

,,Бидејќи станува збор за официјални симболи, меѓународното право и меѓународната практика е јасна, не може да се користат недиференцирани симболи на суверени земји и организации. Значи, кога станува збор за официјални симболи на етничките заедници треба да бидат сосема различни од симболите на матичната држава,”

вели Јован Јоновски. Најостри критики за законот упатија опозициските пратеници. Се руши суверенитетот на земјата е ставот на пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Пратеникот Ефтим Манев со став:

,,Катастрофа е за Република Македонија, ако се дозволи вака како што е сега да стои и знамето на Република Албанија.”

Усвојувањето на предлог законот за употреба на симболите на етничките заедници е едена од последните обврски кои произлегуваат од рамковниот договор.
XS
SM
MD
LG