Достапни линкови

Конференција во знак на поддршка и солидарност во Ирак


Повеќе од 80 министри за надворешни работи и преставници учествуваат на денешната конференција во Брисел во знак на подршка и солидарност со насилството зафатениот Ирак. На конференцијата станува збор за плановите за обновата на Ирак, новиот Устав и престојниоте парламентарни избори.

На еднодневната конференција целта е да се утврди начинот на кој може да му се помогне на Ирак во зацврстувањето на политичкиот процес и воспоставувањето на редот и законот, како и обнова на економијата. Важно подрачје за владата во Багдад е и нејзиното меѓународно признавање. Арапската Лига дека ќе отвори постојано преставништво. Преседавачи се Европската Унија и Соединетите Држави, а меѓу учесниците се генералниот секертар на Обединетите Нации Кофи Анан, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс кои им се обратија на присутните, како и челниците на Европската Унија Хавиер Солана и Бенита Фереро Валднер. Кофи Анан рече дека ирачаните мора да ги решаваат проблемите и меѓусебните разлики, а меѓународната заедница ќе ја покаже својата солидарност.

„Меѓународната заедница ги подржува владата и народот на Ирак и ние сме посветени на реконструкцијата на земјата, како што е и подвлечено пред една година со резолуцијата на Советот за безбедност 1546 и тоа мора да успее.“

Без целосен процес, е тешко да се очекува резулат од безбедносните иницјативи. Меѓународната заедница бара сите да бидат вклучени, посебно ова се однесува на сунитите кои се околу 20 насто и главно останаа надвор од владата која главно ја сочинуваат шиитите и курдите, изјави Кондолиза Рајс Европската Унија и Соединетите Држави ги повикуваат ирачките сунити целосно да учествуваат во обликувањето на иднината на земјата. Ирачкиот министер за надворешни работи Хошиар Зебари во име на 30 члената ирачка делегација предводена од премиерот Ибрахим Џафари изјави дека се надева оти ќе ја добие подршката за новиот Устав и подготовките за изборите кои треба да се одржат кон крајот на оваа година.

„Оваа конференција има охрабрубрувачка платформа и покажува дека меѓународната заедница е обединета околу Ирак. Ирачката влада ќе биде послушана. Нашата платформа е да и се обратиме на меѓународната заедница, да ја побараме нејзината помош и подршка.“

Конференцијата за Ирак во Брисел има претежно политички карактер.
XS
SM
MD
LG