Достапни линкови

logo-print

Проценка на заканите во регионот и донесување заедничка безбедносна стратегија


Продолжување на регионалната соработка на земјите од Западниот Балкан за проценка на заканите во регионот, како и усогласување на заедничките ставови за идното донесување на регионалната безбедносна стратегија која на овие земји би им помогнала во нивните напори за членство во НАТО и Европската Унија, е целта на Проектот за проценка на заканите и предивиците по безбедноста на Западниот Балкан, инициран од Женевскиот центар за Демократска контрола на вооружени сили, за што се дискутира на денешната конференција во Скопје.
Балканските земји мора да продолжат во напорите за зачувување на безбедноста и стабилноста во регионот, се до постигнување на крајната цел интегрирање во Европската Унија, истакна Теодор Винклер директор на женевскиот центар.

,,Исто така ќе биде прагматично реалистично да има соработка на земјите од регионот што е неопходно и за проширување на границите на Европа и со Западниот Балкан, бидејќи ЕУ нема вечно да биде во криза."

Изјави Винклер. Говорејќи за регионалната соработка на полето на безбедноста министерот за одбрана Јован Манасиевски го спомена значењето од членството на дел од земјите од Западниот Балкан во Јадранската група.

Објаснувајки ја потребата од еден ваков проект за утврдување на заканите на Западниот Балкан, Иштван Гујармати вториот претставник на Женевскиот центар изјави

,,Зошто ни е потребна стратегија за нашата национална безбедност. Потребна ни е стратегија зашто секоја влада сака да дефинира кои се највжаните безбедносни предизвици и како со нив да се справи"

За реализирање на проектот и утврдување на ризиците во земјите од Западниот Балкан се до крајната цел донесување на регионалната безбедносна стратегија, покрај странски ексепрти ќе бидат вклучени и стручњаци од Македонија, Србија и Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија.
XS
SM
MD
LG