Достапни линкови

Лансирање на првиот сончев вселенски брод


Од водите на Баренцовото море од руска подморница денеска ќе биде лансирана балистичка ракета на која е Космос 1 – првиот сончев вселенски брод. Според научниците, соларните летала се практични и ефиканси методи за истражување на новите светови во нашиот сончев систем но надвор од него.

Коломбо и Магелан со бродови го откриваа новиот свет. Денеска исто така на море се лансира брод, но во вселената и тоа сончев. Проект директотор Луис Фридман порача сите да се сетат на тоа каде одведе првиот лет на браќата Рајт на 17 декември 1903 година.

,,Знаете браќата Рајт летаа 12 секунди. Нашата цел не е баш иста, но кругот на нештата е тој."

Фридман поранешен авио инжинер на Џи Пи Ел од Калифорнија, како дел од американската вселенска агенција НАСА вели Космос 1 е сместен во носот на руската Волна ракета од времето на студената војна. Овој приватно фундиран вселенски брод нема одредена дестинација, Фридман вели дека сончевата светлина содржи пакети енергија наречена фотони.

,,Само во вакумот на вселената ние можеме да ја впрегнеме оваа енерија да ја претвориме во сила, бидејки нема други компетитивни молекули, како ветар или атмосфера и ние летаме во бестежински услови. Фотоните го гаѓаат големото рефлективно огледало, кое е тенко и алуминизирано. И тоа ни дава сила."

Поради тоа што на ова летало не му е потребно гориво целата идеја за интерпланетарни патувања, а во подалечна иднина и интер звездени патувања е ветувачка, велат експертите. Проект директорот Луис Фридман вели дека со соларната енергија се занимавал уште пред триесет години.

,,Луѓето доаѓаа кај мене со идеји за тест летови. Но ништо немаше се додека русите не сугерираа лансирање за мал трошок на ракетата Волна."

Мисијата Космос која чини 4 милиони долари е финасирана од приватни донатори. Половината од парите доаѓаат од американската Косомос Студио водена од вдовицата на починатиот астроном Карл Саган. Тимот на Косомос 1 исто така тесно соработува и со асоцијата Лавочкин и Всленскиот истражувачки институт и двете од Русија.
XS
SM
MD
LG