Достапни линкови

Потребно прецизирање на чинот на примопредавањето


Четирите случаи за кои Трибуналот не покрена истрага ќе се вратат во Македонија велат во Министерството за Правда. Се работи за случаите Требош, Липковска брана, Водство на ОНА и Градежниците од Маврово.

,,Од македонска страна е изразена подготеност тие да бидат прифатени како такви. Она што е утврдено на средбата Младеновска – Дел Понте, е нашата желба чинот на превавањето на документите да биде допрецизиран меѓу македонското и хашкото обвинителство и на средбата да бидат разгледани сите списи и македонската страна да биде известена за резултатите од истражните дејсвија,”

Изјави портпаролот на Министерството за Правда убавка матевска.

Јавниот Обвинител Александар Прчевски кој заедно со министерката за правда Младеновска беа во посета на Хаг тврдеа дека побарале истите случаи да бидат предадени на македонските власти. И Прчевски е убеден дека истите ке се вратат назад

,,Трибуналот ќе ги врати предметите на Република Македонија и ние сме должни да поведеме постапки за истрага и должни сме да утврдиме околности и факти,”

изјави Прчевски. Но дилемити кои се појавија по изјавата на Дел Понте дека македонските власти не се заинтереирани за 4 случаи, беше искористена од опозициските партии да побараат одговорност и оставки на министерката Млладеновска и јавниот обвинител Прчевски. Сега тие бараат не само 4 случааи за кои не беше покренета истрага туку и случајот Луботен за кој се обвинети екс министерот за внатрешни Работи Лубе Бошковски и Јохан Тарчуловски да се врати во Македонија.

Македоинската влада пак освен гаранциите да се бранат на слобода до трибналот не поднеле батање за вракање на случајот Луботен. Судскиот совет на трибуналот за десетина дена треба да реши дали ке им дозволи на Бошковски и Тарчуловски да се бранат на слобода.

,,Она што го имаме како информација е дека расправата е закажана за 30 јуни, но очекуваме дека во текот на денот ќе добиеме потврда.”

Според неофицјални извори извесно е дека трибуналот ке дозволи бранење на слобода само за Тарчуловски, но не и и за екс министерот Бошковски.
XS
SM
MD
LG