Достапни линкови

Унијата во длабока криза


Самитот на Европската Унија заврши во раните утрински часови на невобичаен начин со размена на обвиненија меѓу лидерите за несупехот да се постигне договор за буџетот 2007 – 2013.
Европската Унија е во тешка криза, најлоша од нејзиното постоење. Не можевме да постигне договор поради тврдоглавоста на Велика Британија и Холандија, изјави Германскиот канцелар Герхард Шредер.

„На крај самитот пропадна поради тотално неприфатливите ставови на Велика Британија и Холандија. Холандија бараше кратење на нејзините давачки кон Европската Унија што е неприфатливо. Велика Британија пак не покажа готовност за компромис околу нејзиниот рабат.“

Францускиот претседател Жак Ширак пак рече дека е бизарно да се зборува дека супституциите во земјоделството ја преставуваат иднината на Европа. Според Ширак на маса беше фер предлог за придонесите и трошоците поврзани со проширувањето на Унијата.

„Тој, Блер сакаше да го задржи рабатот, а тоа ги потикна и другите земји да почнат шпекулативно да се однесуваат и да го штитат стриктно националниот интерес на штетат на европскиот интерес.“

Самитот пропадна поради спорните Британски олеснувања и субвенициите за француските земјоделци. Британскиот премиер Тони Блер одби низа предлози бидејки бараше кратењето на британските олеснувања да биде поврзано со реформа на земјоделската политика на што се противеше францускиот претседател Жак Ширак. Блер изјави дека не е подготвен некој да му каже оти има само еден поглед за тоа што е Европа Европа никој не ја поседува, рече Блер обвинувајки за неуспехот околу буџетот другите.

„Имаше всушност пет земји на масата кои не можеа да постигнат договор и неколку други кои рекоа дека не се среќни со предлогот.“

Вусшност себичноста на богатите на сметката на сиромашните ги крена емоциите на премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер кој во својство на преседавач во раните утрински часови изјави.

„Ќе ви биде кажано дека Европската Унија не е во криза. Не таа е во длабока криза.“

Неговата резигнираност беше и поради фактот што посиромашните десет земји членки на чело со Полска излегоа со предлог тие да се откажат од дел од парите и да се префрлат кај богатите Жан Клод Јункер вака реагираше

„Се чувствував посрамен кога ги слушав една по друга новите земји членки сите посиромашни една од друга дека тие во интерес на договор се готови да се откажат од дел од парите. Јас бев засрамен.“
XS
SM
MD
LG