Достапни линкови

Клучно прашање буџетот од 2007 до 2013


Во Брисел продолжува самитот на ЕУ. Во нацрт резолуцијата се наведува дека генарално нема промени кога станува збор за проширувањето на Унијата. Се нагласува дека процесот на ратификација ќе продолжи бидејки не постоји план Б, а останува клучно да се види што ќе се случи со разликите околу Буџетот 2007 – 2013 година.

„Ние се соочуваме со преговори и ситуацијата е тешка, но не ја исклучувам можноста дека ќе постигнеме компромис“

Ова во врска со перспективите за постигнување договор за буџетот на Европската Унија за перодот 2007 – 2013 го изјави пред почетокот на денешното продолжение на самитот во Брисел данскиот премиер Андерс Расмунсен. Песимизот кај повеќето лидери околу буџетот преовладува поради големите разлики од финансирањето на Унијата.
Што се однесува до процесот на ратификацијата на Европскиот Устав од каде што и почна кризата по негативните референдуми во Франција и Холандија тој мора да продолжи бидејки резервен план не постоји иако претходно планираниот рок е пролонгиран, изјави премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер чија земја е преседавач со Унијата.

„Први Ноември 2006 оригинално планираниот датум за завршување на ратификациониот процес веќе не е одржлив.“

Во врска со проширувањето на Унијата пак се вели дека Брисел планира да ги примени одлуките од минатиот декември кога е условно решено Турција да ги започне преговорите на 3 Октомври годинава. Во заклучоците на Бриселскиот самит Унијата исто така се поздравува важноста на пристапот на Бугарија и Романија повикувајки ги да го направат клучниот чекор кон членството. Балканските земји Македонија, Србија и Црна Гора и Босна и херцеговина се охрабруваат да го продолжат патот на реформите бидејки нивната иднина лежи во Европската Унија. Рокови не се спомнати. Сепак, неименувани дипломати сугерираат дека перспективата на Балканските земји би можела да биде оштетена поради актуелните состојби. Во декларацијата за Косово се наведува дека Унијата нема да прифати враќање на состојбата од пред 1999, како и еднострани политички или решенија по пат на сила.
XS
SM
MD
LG