Достапни линкови

За подобрување на економијата потребни инвестиции и во производството


И покрај едното реализирано и неколкуте најавени странски инвестиции, Македонската влада неможе да се пофали со постигнато ниво на директни странски иневестиции, укажуваат економските експерти во земјава. И она што се реализираше во земјава има пред се трговска структура, а не од областа на производството што Странските инвеститори во Македонија сеуште гледаат инвестиционо

Македонија мора да ја смени економската клима, доколку сака да привлече инвестиции од областа на производството, а не само трговски инвестиции кои не влијаат врз заживувањето на извозот и подобрувањето на економијата, што претставува најголем проблем во земјава, посочуваат економските експерти коментирајќи ја структурата на странско вложување во државава. Проф. Од Економскиот факултет Михаил Петковски смета дека странските инвеститори во Македонија пред се ,,одат на сигурно,, во остварувањето на профитот па затоа повеќе се инвестира во трговијата или иднустријата таму каде што таа е монопол, а не во производсветни капацитети:

„Во земјите како што е нашата, се оди апсолутно на сигурно, каде што може да се оствари брз профит, но ефектот за економијата, па понекогаш и за потрошувачите во целина не е поволен.“

Објаснувајќи го значењето за домашната економија од странското вложување во производството, професор Петковски изјавува:

„Битно е да ја смениме климата, амбиентот, и да станеме попривлечни за директните странски инвестиции насочени кон производството и би го ублажиле проблемот со недоволниот извоз.“

Критики за структруата на инвестирањето во земјава, упатуваат од опозиционата ВМРО ДПМНЕ:

„Инвестиции што во самиот почеток почнуваат во Македонија, и целиот обрт на капитал би се вршел во Македонија, вака навистина е дека се изгради Рамстор, но македонските градежни фирми беа само во улога на подизведувачи,“

потенцира Гордана Јанкуловска од ВМРО ДПМНЕ.

Од осамостојувањето на Македонија, според податоците од Министерството за економија, најголемиот број од странските директни инвестиции во земјава се остварени преку приватизација и постприватизација на домашни претпријатија:

„Во периодот 1991 до 2004 година најголем дел странски директни инвестиции има во услугите, значи телекомуникациите, банкарството и осигурувањето“

изјавува Џељадин Незири портпаорл на Министерството за економија.

Во изминатава деценија нивото на странски инвестиции во земјава според податоците од министерството за економија изнесува 1 и пол милијарда долари, а последнава 2005 година 15 милиони американски долари.
XS
SM
MD
LG