Достапни линкови

Бишкек: Насилно растерани демонстрантите кои упаднаа во зградата да изборната комисија


Киргистанската полиција денеска насилсно ги растера неколкуте илјади демонстранти кои изутрината упаднаа во зградата на изборната комисија во Бишкек, барајки Урмат Бариктабасов да биде впишан во листата кандидати за престојните претседателски избори. Неговата кандидатура не беше прифатена со образложение дека тој веќе неколку години имал казахстанско државјанство. За претседателските избори во Киргистан, што се закажани на 10 јули, има 7 кандидати, меѓу кои и актуелниот претседател Курманбек Бакиев.
XS
SM
MD
LG