Достапни линкови

Во фокусот иднината на Уставот


На 16 и 17 се одржува самитот на Европската Унија. Доминираат две прашања – иднината на Уставот по француското и холандското НЕ и новиот буџет за периодот 2007 – 2013. На овој самит се глада како на клучен за завршување на кризата, но, како што јавува нашиот дописник Ахто Лобјаскас, на европските лидери нема да им биде лесно.

Со оглед на ситуацијата, европските лидери не можат да дозволат колапс на разговорите за буцетот 2007 – 2013, но разликите за големината на буџетот , за нивото на придонесите на земјите членки се толку големи, што ќе биде тешко да се надминат. Луксембург како земја преседавач предупреди дека ако тоа се случи политичката кризата ќе биде целосна. Германскиот канцелар Герхард Шредер изјави дека на Унијата и треба позитивен сигнал.

„Од друга страна, сакаме да бидеме сигурни дека самитот ќе испрати сигнал за европскиот развој. Ни треба компромис, фер компромис од сите страни, што се однесува до финанскиот изглед за периодот 2007 – 2013.“

Подржувачите на поголемата европска интеграција велат дека договорот за буџетот би покажал политичка воља за продолжување на визијата. Тоа исто би му помогнало на еврото кое од Март ослабна за повеќе од десет центи спрема доларот. Во сржта на проблемот е финансирањето на Унијата. Германија како најголем индивидуален контрибутор бече на чело на 6 земји кои бараа давачките да изнесуваат 1 процент од европскиот национален доход. Европската Комисија смета дека тоа треба да изнесува 1,14 проценти. Луксембург сега сугерира 1,056. Второ тука е британското одбивање да се одрече од враќањето пари од европскиот буџет. Станува збор за околу 5 милијарди евра годишно. За другите 24 земји членки ова враќање пари е надминато, старомодно, а Британија е сега меѓу најбогатите земји на Унијата. Новите земји членки се и всушност лути што мораат да плаќаат. Сите сакаат фер договор, изјави британскиот премиер Тони Блер во врска со Буџетот на Унијата и субвенциите за земјоделството.

„Секако, сите сакаат договорот да биде фер, но мора да погледнеме на начинот на кој Европа се финансира. Има многу предизвици со кои се соочува европа во раниот 21 век. Прашањето е кој е вистинскиот начин да се финансира Европа за во иднина да се одговори на предизвиците.“

Од друга страна, Шпанија, Португалија, Грција, па дури и Италија стравуваат дека ке мораат да се борат за фондовите со новите земји членки. Затоа, велат дека има малку простор за флексибилност и дека најголем удар, доколку не се постигне договор за буџетот на Европската Унија 2007 – 2013 година, ќе почуствуваат новите земји членки.
XS
SM
MD
LG