Достапни линкови

logo-print

Техеран: Најмалку десетмина загинати во вчерашниот бомбашки напад


Најмалку десет луѓе загинале, а над седумдесет биле повредени во вчерашниот бран бомбашки напади во Иран до кој дојде пред претседателските избори што треба да се одржат в петок. Иранската новинска агенција Ирна, објави дека во последниот напад што се случил доцна синоќа во источниот дел на Техеран загинале две лица. Во претходните четири напади врз владини згради во провинцијата Кузестан која граничи со Ирак, загинаа осум луѓе. Одговорноста за овие напади ја презеде една иранско арпаска сепаратистичка група.
XS
SM
MD
LG