Достапни линкови

logo-print

Воените трошоци на рекордно високо ниво


Глобалните воени трошоци во минатата година ја минаа границата од еден трилион долари. Тоа се наведува во новиот извештај на Меѓународниот институт за мировни истражувања со седиште во Стокхолм во кој се додава дека лани во светот имало деветнаесет конфликти во чии вооружени битки загинале околу деветнаесет илјади луѓе.

Водечкиот меѓународен истаржувачки институт во Шведска извести дека воените трошоци и натаму продолжуваат да растат. Станува збор за над трилион долари што е еквивалентно на сто шеесет и два долара за секој човек на Планетава. Еден од коавторите на извештајот Петер Шталенхајм, вели дека глобалните воени трошоци повторно го достигнаа највисокото ниво за време на Студената војна во илјада деветстотини осумдесет и седмата година.

,,По Студената Војна, светските воени трошоци драстично беа намалени. Повторно почнаа да растат во илјада деветстотини деведесет и осмата и сега се за само шест проценти помали од оние во осумдесетите години од минатиот век.”

Во извештајот се посочува дека најмногу од трошоците, околу четириесет и седум насто, спаѓаат на Соединетите Држави. Само во минатата година американскиот воен буџет порасна за дванаесет проценти и сега изнесува четиристотини пеесет и пет милијарди долари. Повеќето од нив се поврзани со американската војна против тероризмот во која се вклучени и операциите во Ирак и во Авганистан. По Соединетите Држави следуваат Британија, Франција, Јапонија и Кина. Меѓу светските топ воени потрошувачи и натаму е и Русија со деветнаесет милијарди долари воен буџет. Пред неа се Германија и Италија. Сепак, истражувачите на Институтот во Стокхолм сметаат дека ваквата релативно ниска позиција на Русија не ја отсликува вистинската руска воена сила. Симон Вецеман дека руското оружје најмногу се купува од Кина, која пак сега, поради растечката економска моќ, сака да почне да купува пософистицирано од Европа. Затоа Пекинг и бара укинување на европското ембарго за извоз на оружје во Кина.

,,Без ваков вид техонологија, кинезите себе си за десет и петнаесет години навистина се гледаат со системи кои работат, но се застарени.”

Вецеман вели дека и Индија се обидува да стане регионална воена сила, способна да ги распореди своите сили каде што е потребно во земјите околу Индискиот океан.

,,Само пред неколку години, во илјада деветстотини деведесет и осмата, тие тестираа нукеарно оружје и веднаш им беше воведено ембарго од Соединетите Држави и од извесен број членки на Европската Унија. Тоа придонесе Индија да се најде во сосема променета позиција и да стане стратегиски партнер во војната против тероризмот.”

Инаку, колку за појаснување, во извештајот на Шведскиот институт се користат информации кои јавно се достапни од владите или од други истражувачки институти.
XS
SM
MD
LG