Достапни линкови

Белград: Посета на шефот на УНМИК


Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен на денешните разговори во Белград со српскиот претседател Борис Тадиќ и со премиерот Воислав Коштуница, како што е најавено во Приштина, ќе разговара за состојбата на Косово, а во светлина на претстојната мисија на специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Покраината Каи Еиде. Како што е најавено тој в понеделник ќе ја почне мисијата со цел да состави извештај за тоа дали се остварени стандардите за започнување на преговорите за конечниот статус на Косово.
XS
SM
MD
LG