Достапни линкови

logo-print

Почеток на мисијата на Косово в понеделник


Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите Нации за Косово Каи Еиде најави дека в понеделник ќе ја почне својата мисија на Косово. Притоа, како што вели во интервјуто за Радио Слободна Европа, тој ќе биде целосно независен од УНМИК во подготвувањето на извештајот врз основа на кој ќе биде донесена одлука за почеток на преговорите за финалниот косовски статус.

Специјалниот пратеник Каи Еиде наведува дека не е најважен датумот за комплетирање на неговиот извештај до Обединетите Нации, туку дека е најважно тој документ да биде кредибилен и реален.

,,Добив задача да направам сеопфатна проценка на политичката ситуација. Тоа значи дека оценката за примената на стандардите ќе биде само еден дел од мојата работа. Генералниот секретар побара од мене д се фокусирам врз поширок спектар на прашања.”

На прашањето на нашата колечка Илиријана Бајо: на кој начин ќе го проценува исполнувањето на стандардите, Еиде вели:

,,Како што ви реков, стандардите се само еден дел. Ги прочитав сите документи и сега сакам да бидам на теренот за лично да утврдам каква е ситуацијата.”

Во врска со тоа каков ќе биде неговиот однос со УНМИК, специјалниот пратеник Еиде со одговор:

,,Секако дека ќе се консултирам со Сорен Јесен Петерсен и ќе ги слушнам ставовите на вработените во УНМИК. Но, задачата која ми е доделена е целосно независна од работите за кои е задолжена мисијата на Обединетите Нации. Значи јас ќе направам сопствена проценка и препораки независно од УНМИК.

Вели Еиде додавајќи дека нема намера да прави едноствна слика на ситуацијата на теренот за некаков конкретен ден, туку проценка за тоа како се развива севкупната политичка ситуација.

,,Кога станува збор за времето, не е утврден никаков конкретен датум. За мене е најважно сите инволвирани во косовското прашање да го третираат мојот извештај за кредибилен и реален. Тоа е мојата главна цел. И тоа е позначајно, отколку самиот датум.”

Наведува специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите Нации за Косово Каи Еиде во интервјуто за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG