Достапни линкови

logo-print

До крајот на 2007 целосна професионализација на АРМ


Македонската армија полека ќе го напушта стариот систем кој подразбираше регрутирање на млади војници и во Армијата во иднина ќе се ангажираат само вистински односно професионални војници, согласно НАТО стандардите. Крајот на 2007 година е рокот до кој треба да биде завршен процесот на целосна професионализација на Армијата, ни изјави Димче Петровски портпарол на АРМ, за што вели тој, конкурсот за прием на нови професионални војници веќе е во тек:

„Бројот на професионални војници треба да биде 4 794 и затоа во категорија на професионални војници во проектираниот период се планира прием на нови 1 900-тини војници заради целосна професионализација на АРМ. Заради остварување на вака проектираната состојба изработен е динамечен план за прием на професионалци во АРМ чија реализација е во тек.“

Најавените реформи за професионализација на македонската армија, експертите генерално ги оценуваат позитивно. Позитивностите, професорот Владо Поповски ги гледа во некоку причини, како што се економските, но пред се од безбедносен аспект. Предностите на ваквата мала мобила армија додава проф. Поповски ќе бидат можностите да се ,,справува,, со т.н. безбедносни предизвици на модерното време од типот на герилски борби, што според сите истражувања вели тој се покарактеристични за македонската територија.

„Што значи создаваме една посоодветна воена структура со соодветна обука за таквите закани. Тоа особено се покажа во војната од 2001-та каде што нашата стара формација не беше ниту флексибилна, ниту доволно динамична за да може да одговори на таков тип на војување од герилски тип или слично.“

Единствениот недостаток, според мислењето на Поповски, кај професионалната армија е неможноста таа да реагира при некој вид масовна борба, поради нејзината малубројност.

„Се претвара во тој случај само во ,,езгро,, на одбрамбените сили, а сигурно сама нема да може да гарантира некоја безбедност.“

Од Армијата посочуваат дека паралелно ќе се одвива и процесот на престанок на регрутирање на млади војници:

„Што значи со потполната професионализација на Армијата на Р Македонија ќе престане и потполната регрутација на млади војници.“

заклучува портпаролот на АРМ Димче Петровски.
XS
SM
MD
LG