Достапни линкови

logo-print

Брисел: Европската алијанса побарала признавање на македонското малцинство во Грција


Делегација на Европската алијанса за слобода не вчерашната средба со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо, како што е соопштено, побарале признавање на постоењето на македонското малцинство од страна на грчките власти. Притоа, претставниците на Европската алијанса која ги обединува регионалните и малцинските партии во земјите на Унијата ја нагласиле потребата од почитување на критериумите од Копенхаген за правата на малцинствата во рамките на Европската Унија.
Американскиот државен потсекретар Николас Бернс денеска ја почнува мини балканската турнеја во текот на која ќе ги посети Сараево, Приштина и Белград. Главни теми на неговите разговори со претставници на тамошните власти и на меѓународните организации, како што е соопштено во Вашингтон, ќе бидат напорите да се обезбеди трајна стабилност на Балканот. Во соопштението се додава дека Бернс за време на туренјата ќе го изнесе и американското видување на иднината на Косово.
XS
SM
MD
LG