Достапни линкови

Македонија повторно во група земји чии влади нецелосно дејствуваат за спречување трговија со луѓе


Во најновиот извештај на американскиот Стејт Департмент за трговијата со луѓе во светот во минатата година, објавен деновиве, Македонија повторно се најде во групата Два, односно на земји чии влади нецелосно дејствуваат во согласност со минималните стандарди, но преземаат значајни напори да го сторат тоа. Во претходниот извештај на Стејт департментот Македонија беше во првата група на земји кои целосно ги исполнуваат стандардите.

Македонија е земја на транзит и, во помал обем, на дестинација на жени и деца кои се шверцуваат од поранешниот Советски Сојуз и Источна и Југоисточна Европа заради сексуална експлоатација. Ова се наведува во годишниот извештај на американскиот Стејт Департмент во врска со проблемот со трговијата на луѓе во светот. Многу жртви, како што се додава, транзитираат низ Македонија кон Западна Европа, додека македонските жени продолжуваат да бидат шверцувани на регионално ниво низ просторите на поранешна Југославија. Невладините организации и меѓународната заедница известуваат за постојано зголемување на проблемот со таканаречениот внатрешен шверц. Според оценката на Стејт Департментот, македонската влада целосно не ги исполнува минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, но, таа прави значајни напори да го стори тоа. Македонија во минатата година падна од групата еден во групата два, бидејќи не постигна напредок во зајакнувањето на напорите во борбата против ваквиот вид илегална трговија. Стејт департментот посочува дека Владата лани донесе нова регулитива, но не успеа да демонстрира позабележливо подобрување во спроведувањето на законите и во превенцијата. Постојаните институционални проблеми во првосудниот систем продолжуваат да претстуваат пречка за владата поефикасно да се бори против шверцот со луѓе, се вели во извештајот, во кој се прецизира дека правосудниот систем не упеа соодветно и ефектно да ги процесуира, казни и задржи шверцерите или пак да обезбеди адекватна заштита за жртвите и сведоците. Владата треба поактивно да го развива и спроведува Националниот план и да ги проширува програмите на заштита на групите кои се најпогодени. Исто така, сериозен проблем остануваат да бидат случаите со корупција поврзани со шверцот на луѓе, а кои владата не упеала енергично да ги истражи и просекуира, се наведува во најновиот извештај на американскиот Стејт Департмент во врска со нпорите на Македонија во борбата против трговијата со луѓе.
XS
SM
MD
LG