Достапни линкови

logo-print

Македонија нема да носи посебен Закон за соработка


Македонската министерка за правда, Мери Младеновска Георгиевска неодамна истакна дека нема потреба да се донесе посебен закон за соработка со Хашкиот трибунал. Образложжението е дека се поминати повеќе фази во врска со постапките на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и државниот службеник Јохан Тарчуловски пред трибуналот. Од ова министерство беше најавено дека ќе се користат искуствата од поранешните југословенски републики, меѓу кои и Хрватска каде во 1996 е донесен посебен закон, а што се однесува до помошта за обвинетите има декларација усвоена од хрватскит парламент, како и владини одлуки, но правно не е регулирана висинтата на средствата што државата ја одвојува за обвинетите, постои одлука на хрватската влада за тн. хуманитарна помош за семејствтава, за начинот посета на хашките затвореници, како еднаш месечно посета и слично, но не е предвидено со колку средства им се помага.

Хравтскиот помошник министер за правда задолжен за соработака со хашкиот трибунал, Јакша Муљачиќ оценува дека тие имаат позитивни оценки во делот на постоење на инструменти за соработка, задоволни се вели и хашките истражители, одбраната и слично, а проблемот со случајот Готовина е единствен, но за тоа сега е надлежен републичкиот јавен обвинител кој ги координира активностите со МВР и останатите надлежни истражни институции. Тој посочува дека Македонија мора добро да ги разгледа искуствата и сама да одлучи што ќе превземе

„Тоа е значи работа на меѓународно правно толкување на одредени документи, Хрватска избра еден свој пат во таа смисла, и велам секоја друга земја вклучувајќи ја и Македонија по одредено меѓународно правно толкување може и дирекно да ги применува одредбите од статутот на трибуналот, но треба да одлучи сама што е најдобро,“

За случаите што ке бидат вратени во Хрватска веќе е определена основна надлежност на посебни судски совети во рамки на второстепените судови во Загреб, Осијек, Ријека и Сплит, за оваа проблематика пак во земјава има различни мислења, како да се формира посебен суд, да се специјализираат посебни оддели во некои судови. Од македонска страна пак посочуваат дека во меѓувреме се применуваат мегународните норми кои што се директно применливи, а оти во тек е анилиза на сите искуства:

„Сега се анализира што Македонија може евентуално да искористи од нивните искуства и да согледа до каде е во соработката со Трибуналот,“

изјави Убавка Матевска од министерството за правда.
XS
SM
MD
LG