Достапни линкови

Формирање на првиот постојан заеднички комитет за забрзување на процесот на сукцесија


Денеска во Скопје се формира првиот постојан заеднички комитет чија цел е да го забрза досегашниот процес на сукцесија на имотот од поранешна СФРЈ. Се работи за тело кое ќе функционира на повисоко ниво од постојниот финансиски и комитетот за поделба на дипломатскиот имот.

„По конституирањето овој комитет ќе даде придонес и во заживувањето на работата на другите поткомитети,“

вели Душанка Христова македонски претставник во процесот за сукцесија. Според Христова денеска формиранот комитет треба да одговори и на прашања кои не ја регулираат само распределбата на финансискиот и дипломатскиот имот од поранешна СФРЈ:

„Прашањето на регулирањето на пензиите. Пристапот до архивите или располагањето со архивски документи, итн.“

Процесот на сукцесија на имотот од поранешна Југославија непрекинато се одвива повеќе од 10 години. Во меѓувреме беше прекинуван поради непотпишувањето на спогодбата од страна на одредни земји членки, што е основен услов за нормално реализирање на овој процес:

„Имавме одреден застој во работењето и на двата поткомитети и со доза на заемно разбирање, овој процес се откочи.“

Денеска спогодбата ја имаат потпишано сите држави учесници во овој процес на сукцесија, но и натаму останува отворено прашањето каде се исчезнатите 635 милиони долари од народната банка на поранешната СФРЈ:

„Ќе се оди во процедура натаму да се утврди кога, како и кој ги потрошил тие пари, ако ги потрошил.“

Од досегашната поделба на финансискиот колач македонија има добиено 24 милиони американски долари на име злато, акции и депозити од банката во Базел, 5.5 милиони долари монетарно злато и во мај 2003 година пристигнатите средства од депозитите на народната банак на поранешна СФРЈ лоцирани во комерцијалните банки во соединетите американски држави.
XS
SM
MD
LG