Достапни линкови

Нема друг избор во трката по парче леб


Здравјето веќе ми попушта а нервозите во животот придонесуваат за тоа. На лекар не ни помислувам да одам, немам здравствено осигурување, не сум никаде пријавена. Работам колку да преживеам, а за убаво живеење ми недостига многу, вели една 45 годишна скопјанка.

„Инаку сум самохрана мајка, многу е тешко да се врзе крај со крај. Принудена сум да работам, многу тешко се живее, многу тешко едно дете се изведува на пат.“

Таа е технолошки вишок, била пријавена во Заводот за врбаотување и после тоа како што вели е принудена да работи непријавена.

„Од Нова година наваму почнав да работам на црно, газдите не сакаат да ме пријават.“

Вработени пак во неколку продавници во центарот на Скопје велат пријавени се уште од почеток.

„Пријавена сум уште од првиот ден.“
„Секаде каде што сум работел сум бил пријавен.“


Надлежни за спрецување на работата на црно се инспекторите од Државниот инспекторат за труд.Од таму велат дека според нивните сознанија има многу работници кои рабттат непријавени.

„Ние имаме право да вршиме контроли во сите индустрии,“

вели директорот на агенцијата Изет Ризаху

Тој потенциа дека во сите градови во Македонија без разлика на нивната големина има вакви случаи

„Секој град има своја специфика. Секаде има празнини, најголем дел од случаите се во Скопје.“

Годинава стартуваше и кампањата на Секцијата на жени на сојузот на синдикати на македонија стоп за работа на црно која е фокусирана на искористувањето на занската работна сила. Кампањата е во тек а според нивните првицни проценки 200,000 работници во Македонија работат непријавени, а од нив 120 000 се жени.
XS
SM
MD
LG