Достапни линкови

Лондон: Строу ќе соопшти дели во Бриранија ќе има референдум за Уставот на ЕУ


Британскиот секретар за надворешни работи Џек Строу се очекува денеска да соопшти дали во Британија ќе се одржи референдум за Уставот на Европската Унија. Агенциите јавуваат дека британската валда ќе ги остави настрана плановите за спроведување на таков референдум, откако Франција и Холандија го отфрлија Уставот. Досега Уставот го имаат ратификувано десет членки на Унијата. Инаку, Британија во јули го презема шестмесечното претседавање со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG