Достапни линкови

Повторно да се размисли за Балканот пред да биде предоцна


Потребно е повторно да се размисли за Балканот пред да биде предоцна. Под ваков наслов денешен Фајненшнл Тајмс објавува анализа во врска со состојбата во регионот.

Денес на Балканот нема борби, нема етничко чистење и се спроведуваат избори. Во изминатава декада, по мировниот договор за Босна, е постигнат напредок. Но, освен Хрватска, во поранешна Југославија политичкиот развој е закржлавен, невработеноста висока, а корупцијата продорна, се наведува во текстот во Фајненшнл Тајмс во кој се додава: Поопасен е фактот дека, како што неодамна извести Меѓународната кризна група, Косово се наоѓа на работ на обновување на конфликтот. Песимизмот преовладува меѓу сомничавите и изолирани луѓе кои не се во можност да добијат визи за да патуваат во странство. Балканот станува се погетоизиран како што се проширува јазот меѓу регионот и другиот дел на Европа. Скоро половината од европските сили кои се наменети за разместување се заглавени таму. Излезот е невозможен се додека Босна е раководена од наметнат конзуларен фактор, статусот на Косово е нерешен, а на регионот му недостига визија за иднината, наведува весникот , додавајќи: Европската Унија треба да го исполни ветувањето што го дадоа нејзините лидери во Солун две илјади и третата година да ги интегрира Балканските држави. Тоа единствено може да значи проширување на Унијата. Ако Европската Унија не го стори тоа, тогаш се можни два исхода: Европа ќе ја зацврсти империјата за да ги зачува редот и законот или ќе дозволи повторно заживување на национализмот и на конфликтите. Двата исхода се длабоко непожелни. Меѓународната комисија за Балканот неодамна објави извештај во кој се наведува дека сегашната политика веќе нема да функционира и затоа итно е потребен долгорочен акционен план кој ќе води кон стабилни и отворени општетства, односно до тоа регионот самиот да си ја обезбедува сопствената сигурност. Што се однесува до Косово, како што се наведува во текстот, политиката ,,стандарди пред статус,, ги блокираат одлуките што се неопходни во превенцијата на можното ново насилство. Комисијата наведува дека анкетите сугерираат оти независноста на Косово нема да води кон распарчување на Босна, но би можело да ги предизвика косовските албанци да бараат Голема Албанија што пак би можело да предизвика конфликти по должината на етничките линии во Македонија. Европската Унија мора да ги употреби своите мускули за да ги спроведе прифатливите ефекти и да понуди амбициозна временска рамка за приближувањето на Балканот кон Унијата, се наведува во текстот објавен во денешното издание на Фајненшнал Тајмс.
XS
SM
MD
LG