Достапни линкови

Ереван: Македонија ја совлада Ерменија


Македонската фудбалска репрезентација по шест и пол години победи во гости, совјадувајќи ја селекцијата на Ерменија со 2:1 во натпреварот од групата 1 во квалификациите за пласман на мундијалот во Германија следната година. Двата гола за Македонија ги постигна Горан Пандев. А, стрелец на голот за Ерменија беше најголемиот домашен талент Манучарјан. Македонија веќе в среда, во Теплице и гостува на Чешка, репрезентација што денеска ја совлада Андора со 8:1. Младата репрезентација на Македонија денеска ремизираше со соодветната селекција на Ерменија 0:0.
XS
SM
MD
LG