Достапни линкови

Владата тврди - Имплементација на почетокот од наредната година, опозицијата не верува


Воведувањето на Едношалтерскиот систем се најавува веќе седум години. досега ниедна влада ненајде плодна почва да го имплементира овој проект. И во економската програма на премиерот Бучковски повторно имаме најава за воведување на едношалтерски систем. Експертите кометираат, и во наредните пет години овој систем нема да заживее. За такво нешто потребни се сериозни реформи во судскиот систем кој во Македонија тешко се реализираат:

„Судството тука е клучно и улогата на судовите во создавањето на институционалните поставки за функционирањето на македонската економија.“

вели професор Трајко Славевски, професор на економскиот факултет и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, според кого регистирањето на фирмите на еден шалтер е само еден сегмент од едношалтерскит систем. Вице премиерот одговара овој систем во блиска иднина ќе стане наша реалност.

„Ќе биде спремен некаде во септември, значи ќе имаме период од три месеци да ги правиме сите симулации, за да почне да работи нормално, со почетокот на фискалната година, т.е. од 1 јануари 2006 година,“

вели вице премиерот Минчо Јорданов. Бизнисмените воздржани, и околу едношалтерскито систем и околу имплементирањето на понуденото во економската програма на премиерот. Нивниот коментар е мора да се надеваме, немаме друга алтернатива:

„Треба да му се верува, посебно на човек број еден, а времето ќе покаже.“
„Таа програма не е правена на ветер, правена е на нешто, на одредени основи, јас мислам дека нашите проблеми не произлегуваат од програмата или програмите, туку од состојбите коишто ги имаме,“


велат битолските бизнисмени Живко Радевски од битолска млекара и Петар Илиев од жито битола.

Инаку од експозето на премиерот за економската програма до денеска поминаа две недели. Тие што учествуваа во нејзината изработка сеуште сметаат дека нема потреба од дополнителни објаснувања. другите велат се е ова по малку несериозно. Да се научиме да живееме без кредитите од ММФ и Светската Банка и да и да создадеме систем кој ќе генерира развој, во тоа е лекот укажува Стојан Андов од Либералната Партија.

„До сега ние земаме само кредити од Светска Банка и ММФ и затнуваме дуплки во платниот биланс и буџетот, а никакви реформи не се остварени,“

Од понуденото во економската програма владата најави имплментирање и на проектот формирање на осигурителен фонд чија цел ќе биде финансиска подршка на квалитетни проекти понудени од малите и средни претпријатија. овој фонд според најавите треба да профункционира кон средината на месец август.
XS
SM
MD
LG