Достапни линкови

logo-print

Може ли Брисел да му наштети на процесот на транзиција?


Француското и Холандското НЕ за Европскиот Устав е предизвик не само за Европската Унија туку и за земјите кандидати како Хрватска и Турција и оние како Македонија кои сакаат да станат за членки. Можат ли владите на овие земји сега да ја убедат јавноста да ги подржи неопходните реформи за членство во Унијата кога има сомнежи во способноста на Брисел да го оствари нивните целите што може да му наштети на процесот на транзиција.

Владите на аспирантите за членство во Европската Унија по негативните референдуми во Франција и Холандија доста храбро ја уверуваат јавноста дека целта и процесот нема да биде нарушен. Еве како тоа го направи хрватскиот претседател Стипе Месиќ.

„Нашата цел е и мора да остане иста – целосно членство во Европската унија. Работата продолжува. Хрватска е на патот кон Европа. Обединета Европа нема алтернатива, како што нема алтернатива и за нашето место во Обединета Европа.“

Ден потоа во Загреб и претседателот на Македонија Бранко Црвенковски со слична изјава односно со надеж за прогрес во аспирациите за членство. Сепак, иако Македонија очекува да нема пролонгирање во давањето на европската оценка за евро-прашалникот, реално е да се очекува оти Европа малку повеќе во идниот период ќе се занимава самата со себе, ни изјави Драган Тилев од секторот за евро-интеграции.

Владите на Балканот, вклучително и Турција велат дека на асоцијативниот процес нема да влијае плебисцитот во Франција и Холандија кои отфрлајки го европскиот устав отворија многу прашања за идното делување на Унијата. Сепак реакциите во јавноста се нешто поинакви, вели Патрик Мур регинален аналитичар на Радио Слободна Европа. Тој вели дека постоји и опасност од губење на кредибилитетот на Европските преставници кои ги притискаа земјите да прават реформи. За Балканот тука можат да се вклучат и барањата за апсење на воените злосторници.

„На нив, на преставниците нема да се гледа како на лица со кредибилитет како порано. Се е врзано како во круг. Ако Хрватска со помала сериозност го сфаќа повикот да го уапси генерал Готовина, тогаш и шансите ке бидат помали тој да биде уапсен, а со тоа и Хрватска ќе биде се подолго на листата на чекање.“

И во Турција владата се обидува, да ја минимизира важноста од референдумите во Франција и Холандија. турција на 3 Октомври годинава ги започнува разговорите за полноправно членство. Секое доцнење може да ги предизвика опонентите на Турското приближување кон Европската Унија.
XS
SM
MD
LG