Достапни линкови

Израел: Започна ослободувањето на палестински затвореници


Во Израел изутрината започна ослободувањето на околу 400 палестински затвореници, кое го одобри израелската влада за оние кои не се вмешани во напади во кои имало загинати. Израелскиот премиер Ариел Шарон, на самитот во Шарм Ел Шеик во февруари, се обврза да ослободи 900 палестински затвореници, од вкупно 7 илјади, колку што ги има во израелските затвори.
XS
SM
MD
LG