Достапни линкови

Како владата ќе ги потроши парите од дивидентата на Телекомот?


Како македонската влада ќе ги потроши парите на граѓаните од остварениот профит на Телекомот, кој по основ на дивидента на владата ќе и исплати повеќе од 45 милиони евра? Нема простор за стравувања, велат од Министерството за финансии парите се планирани во буџетот, а за вишокот добиени пари е предвиден ребаланс на буџетот за да се утврди во кои проекти ќе се инвестира вишокот добивка од Телекомот, објаснуваат од министерството.

„Износот на дивидентата над планираните милијарда и двесте, или околу милијарда и петстотини денари се повеќе приходи, ќе бидат распоредени со ребалансот на буџетот, во секој случај плановите се дел од средствата да се искористат за намалување на планираниот дефицит во буџетот, “

вели Маја Богдановска портпарол на министерството за финансии.

Во првичното соопштение по одлуката на раководството на Телеком да и и исплати повеќе од 42 милиони евра дивидента, Владата ја поздрави одлуката, премиерот неодамна најави дека ќе биде формирана работна група која ќе одлучува околу инвестирањето, но сепак засега оттаму неможе да се добие информација како и каде барем првично се планира да бидат вложени средствата. Освен што дел од средствата ќе бидат искористени за намалување на дефицитот во буџетот, за тоа дали и граѓаните ќе видат поволности преку инвестирање во некои инфраструктурни и други објекти од министерството за финансии потенцираат дека е можно:

„Па можно е, значи во моментов сеуште се дискутира, меѓутоа, можно е и не ја исклучуваме можноста. “

Во меѓувреме поради недостатокот од конкуренција на телекомуникацискиот пазар, граѓаните се жалат на високите сметки кои му ги плаќаат на Телекомот, поради неговата монополска позиција за што тој во минатата година оствари голем профит од кој пракитчно се исплаќа дивидентата на Владата. Во Министерството за транспорт и врски велат дека телекомуникацискиот пазар наскоро ќе биде либерализиран, што ќе биде надлежност на Агенцијата за телекомуникаци која е во фаза на формирање:

„Неделава треба да се регистрира агенцијата и врз основа на предвидените рокови во законот, Македонски телекомуникации треба да дадат понуда за интерконекција,“

изјавува Лидија Станчевска портпарол на министерството за транспорт и врска.
XS
SM
MD
LG