Достапни линкови

Киргистан: Посета на американски сенатори


Делегација на американски сенатори, која е во посета на Киргистан, ќе побара од властите во Бишкек да не ги принудуваат бегалците од Узбекистан да се враќаат во своите домови. Американските сенатори, кои вчера беа и во Узбекистан, ги критикуваа властите во Ташкент што не дозволуваат независна истрага за крвавите настани во Андиџан. Никој од официјалните претставници на Узбекистан не прифатил средба со американската делегација.
XS
SM
MD
LG