Достапни линкови

logo-print

55 насто од Французите против уставот на ЕУ


Околу 55 насто од французите на вчерашниот референдум се изјаснија против Европскиот Устав. Одзивот беше неочекувано висок, околу 70 насто. Таквиот исход е тежок удар за францускиот претседател Жак Ширак, кој најави промени во владата.

„Драги сограѓани, за време на оваа дебата ги искажавте своите грижи и надежи. На тие прашања ќе одговорам на начин што во наредните денови ќе ја соопштам мојата одлука за владата и за нејзините приоритети.“

Разочараност изрази и францускиот министер за надворешни работи Мишел Барние, кој денеска оцени дека без Европскиот Устав, европскиот проект е во политички дефект. Барние додаде и дека постои опасност од пропаѓање на француско – германската оска, бидејки за прв пат во последниве 50 години, Франција и Германија имаат различен став за суштинско прашање. Претседавачот со Европската Унија, премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер најави дека земјите челнки ќе продолжат со ратификацијата на Уставот, а на самитот на Унијата на 16-ти – 17-ти јуни, ќе бидат разгледани последиците од француското не. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека Унија ќе мора да се соочи со тешкотиите.

„Имаме проблем, сериозен проблем. Франција е многу важен член на Европската Унија, еден од основачите и ние не можеме да ја замислиме Европа без Франција.“

И другите европски лидери изразија загриженост од отфрлањето на Европскиот Устав во Франција, но изразија надеж дека кризата ќе биде надмината. Но, британскиот шеф на дипломатијата Џек Стру оцени дека сега се отвораат многу парашања во врска со иднината на Унијата.

„Ова е можност во наредниот период да ги разгледаме последиците од гласањето во Франција, кое беше за Уставот, но исто така има импликации и врз идните правци на Европа, околу тоа какви социјални, политички и економски реформи се потребни за да се одговори на предизвиците со кои веќе се соочуваме.“

Франција е прва змеја членка на унијата која го отфрли Уставот, а тоа би можело да има влијание и врз холанѓаните, кои исто така на референдум в среда ќе се изјаснуваат за ова прашање. Според испитувањето на јавното мислење, и повеќето граѓани на Холандија се против Уставот на Унијата. Досега 9 европски држави го ратификуваа овој документ, кој за да стапи во сила, треба да помине во сите 25 земји членки на Унијата.
XS
SM
MD
LG