Достапни линкови

Париз: Французите гласаа против уставот на ЕУ


Францускиот претседател Жак Ширак вечерва и се обрати на нацијата, откако беше објавено дека Французите го отфрлиле Уставот на ЕУ со значителна разлика. Ширак рече дека Франција останува во Европската Унија, и ќе ги исполнува своите обврски. Франција е прва земја членка на ЕУ што го отфрли Уставот, што ќе стапи во сила само ако биде ратификуван од сите земји членки на Унијата. До сега девет земји го ратификуваа Уставот, а в среда ќе гласа Холандија, каде што според истражувањата на јавното мислење Уставот исто така може да биде отфрлен.
XS
SM
MD
LG