Достапни линкови

Махаел Салин, специјален претставник на ЕУ во Македонија. Оптимистичка прогноза за исполнувањето на стандардите за членство на Македонија во ЕУ


Ваша оценка за динамиката на постигнување на европските стандарди во Македонија, во различни области како судството, администрација и друго?

Јас се надевам дека знаците од владата и исто така опозицијата, политичката елита, дека го разбира навистина значењето и се подготвени да креираат нешто ново и има волја, што е многу важно, значат дека може да се направи многу. Јас сум оптимист. Има многу работи, бидејќи тука влијае и историјата, минатото на земјава што занчи во некои области се почнува од почеток. Ова сепак не е егзактна наука и тука не е лесно да се предвиди што треба и кога да се направи, но мојата прогноза генерално е оптимистичка.

Велите оптимист сте за во иднина, можете ли да кажете конкретно што треба да се направи во пооделни области, бидејќи на адреса на судството, капацитетот на институциите, администрацијата и слично има многу критики. Како според вас да се постигнат стандардите, како Европската унија може да помогне?

Прашувате две работи сега, што може вие да направите и што може Европската унија да направи, се разбира ако ги земете двете работи заедно кога е во прашање маќедонската страна таа треба да биде многу искрена, определена, да не ги крие работите, а потоа ЕУ треба да реагира на тоа, помага, бидејќи целта е Маќедонја да стане кандидат за членство. Една идеја како може да се помогне тоа се твининг аранжманите, кои се покажаа како корисни во земјите каде ситуацијата е слична како во вашата земја, значи пренесување на искуствата од неколку земји во ЕУ, и притоа детално се работи на постигнување на стандардите. Има и други слични активности кои може да се преземат. Кога станува збор за тоа што треба Македонија да направи за да стане прифатлива и да го добие статусот кандидат е исполнување на критериумите од Копенхаген, потоа претстои подолг процесс на прилагодување на законодавството со она на унијата, за што треба да работи билатерално со другите земји членки да воспоставува твининг аранжмани и притоа да ја прикажува ситуацијата во земјата онаква каква што е.

Твининг аранжманите веќе функционираат во Македонија, дали можеби според вас треба да ги има во поголем број, поголемо присуство на експерти од други земји?

Јас би го очекувал ова, Моето искуство и верување е дека ова ќе се развие многу повеќе во процесот на преговори бидејќи има многу области во кои тоа е потребно, засега има само еден или два твининг проекти, а потребни се многу повеќе и очекувам тоа да се случи.

Маќедонската влада оценува дека преговорите за членство во Унијата може да започнат наредната година. Според вас колку оваа проценка е реална?

Не постои некој што навистина може да одговори на ова. Но секоја влада треба да воспостави цели. Оваа влада има стратешка визија да добие позитивно мислење, а потоа наредната година да започне преговори и Македонија да стане членка отприлика во 2010. Дали тоа е реално не можам да кажам, тоа зависи од милион работи, но добро е за владата да има цели и тоа е неопходно, јас верувам дека може да се постине, но потребен е голем напор

Имајки го во предвид случајот со Хрватска чиј прашалник беше позитивно оценет и беше определен термин за почеток на разговори, а потоа беа одложени поради случајот Готовина. Можно ли е да се очекуваат и кај нас некои дополнителни услови?

Нема изненадувања, некои велат зошто така ние така ги оценивме локалните избори, дали прашањето за името со Грција има врска со ова, но не во основа не. За постигнување на статусот земја кандидат за членство за преговори мора да се исполнат критериумите од Копенхаген во политичка смисла и во економска, да докажете дека имате институции, подготвени за преговорите. Кога станува збор за политичките критериуми, дел од нив е соработката со Хашкиот трибунал, а тоа беше проблем во Хрватска. Но, јас не мислам дека ќе има изненадувања, нови услови, не станува збор за нови услови, туку за критериуми кои излегуваат на површина кога има проблеми. Идејата на Унијата не е да го направи животот потежок со поставување нови услови.

Соединетите држави најавија дека до крај на наредната би требало да се реши статусот на Косово. Кој е ставот на Унијата, каков може да биде исходот, ќе влијае ли тоа на некој начин врз Македонија?

Во основа не, бидејќи бидејќи ние мора да сфатиме дека секогаш постои регионален контекст, но секоја земја треба да работи на свој начин и никој не е заиинтересиран другата земја да ја направи заложник. Косово не е земја но е ентитет кој работи на својата иднина. Мислам дека нема да има проблеми за Македонија, има некои работи што треба да се решат границата, трговските односи, но тоа е нормално И вакви прашања постојат во нормални односи. Никој не знае како би резултирале работите околу Косово, а Македонија треба да ги решава своите проблеми, бидејќи со мартовските настани што се случија минаата година се покажа дека земјава остана стабилна и тие не се прелеаа тука, и тоа е добро.

Веќе го споменавте прашањето со одбележување на границата со Србија И Црна Гора во делот на Косово, маќедонската влада оценува дека тоа техничо прашање кое треба да се затвори пред решавање на финалниот статус на Косово и оти треба да се разговара со УНМИК. Кој е ставот на Европскаат унија, кога треба да се затвори ова прашање, односно да се одбележи границата во овој дел

Многу работи се кажани околу ова и јас не мислам дека некој е загрижен за ова во суштина, има само неколку километрии, овде и онде, но во основа треба да се има во предвид дека е потребен партнер од таа страна кој ќе биде кредибилен, а сега Косово е во транзициска фаза, таму е УНМИК, косовската влада не е идеална за да постигне договор. Ја разбирам маќедонската страна и таа може да каже дека тоа е техничко прашање, но тоа е и симболично на некој начин. Мислам дека нема простор за грижа, тоа ќе биде решено. Тешко е да се одговори толку прецизно, дали треба да се одбележи границата пред или после решавање на статусот на Косово, на едно ниво тоа ќе биде решено заеднички, не станува збор за тоа една земја или во случјов Македонија да е заложник туку за нејасна ситуација, која треба да се реши па потоа да се одговори и на тие технички работи. Никој во Европската унија не може да каже кога и како ќе се реши статусот на Косово, дури и Хавиер Солана да е тука нема да може да каже кога и на кој начин би се решил статусот на Косово. Тоа е прашање на проценка. Американците може да кажат дека се надеваат дека ќе се реши наредната година, но од друга страна знаат дека има многу работи кои се поврзани.

Може ли спорот мегу Македонија и Грција да влијае на интегрирањето на земјава во европските институции, впрочем грчката влада постојано говори дека нема да ја поддржи Македонија на патот, генерално кон евро-атлантските структури доколку не се реши ова прашање?

Во овој политички процесс, или дури и игра партнерите сакаат да ги држат опциите отворени и се обидуваат да добијат поени. Не мислам дека Грција е заинтересирана јасно да каже ако не го прифатите нашиот предлог ќе ве казниме, ниту мислам дека оваа страна е многу заинтересирана и вели никогаш, никогаш нема да смениме. Тоа е дел од процес, корисно ќе биде за двете страни да најдат решение. ЕУ постојано вели дека ќе биде корисно за двете страни да најдат решение, тоа е потребно бидејќи ако некоја земја членка го дели мислењето дека не е прифатливо како што е сега ќе мора да се почитува тоа, и затоа ние ги поддржуваме разговорите на двете страни во во моментов во рамки на Обединетите нации и треба да продолжат на тој начин. Но, ние не шпекулираме дали некој сака да направи нешто, ќе се најде решение. Тоа е важно, но не велам дека тоа е услов, туку само дека изнаоѓањето на решение ќе биде од помош. Ние само ги поддржуваме напорите на двете земји да се најде решение, бидејќи мислиме дека се ќе биде полесно ако се најде решение.
XS
SM
MD
LG