Достапни линкови

Скопје: Средба на претседателот Црвенковски со поглаварот на МПЦ


Претеседателот на државата Бранко Црвенковски денеска во седиштето на Архиепископијата ќе се сретне со поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Охридски и Македонски гг Стефан, потврдија од кабинетот на претседателот. До средбата доаѓа откако во четвртокот Српската православна Црква ја прогласи Православната охридска Архиепископија за автокефална, а расчинетиот владика Зоран Вранишковски за архиепископ охридски и митроплоит скопски. Оваа одлука МПЦ ја оцени како потврда дека Српската православна црква не сака да го надмине спорот со Македонската правослвна црква, но дека таа нема важност за МПЦ која останува на ставот за неменливост на афтокефалниот статус и своето име.
XS
SM
MD
LG