Достапни линкови

Напредокот на Македонија ги нервира конзервативните кругови кај соседите


По признавањето на уставното име од Соединетите држави, како и успешното завршување на одговарањето на прашањата од Европската комисија, меѓународната позиција на Македонија значително се зацврсти, а тоа ги става во малку понезгодна позиција соседите кои имаат судир на интереси или забелешки кон нашата земја, велат аналитичарите и додаваат дека тоа се причините поради кои се актуелизираат повеке отворени прашања како спорот меѓу земјава и Грција со уставното име, статусот на црквата со Србија.

„Мислам дека една малку нервозна позиција и ситуација се создава, врзана за тој напредок на Македонија. Веројатно се смета, дека подоцна, ако во ова време не се добијат концесии од наша страна, подоцна многу потешко ќе се добивата такви концесии и мислам дека притисокот е тука,“

изјави професорот Димитар Мирчев од Факултетот за општествени науки во Скопје. На прашањето на што се должи актуелната ситуација во земјава професорот на Правниот факултет, Владо Поповски

„Се должи на зголемената нервоза во конзервативните кругови на Србија, содржани во СПЦ и нервозата и фрустрацијата на конзервативни кругови во Грција.“

Професорите Мирчев и Поповски и со препораки за понатамошните чекори на македонската дипломатија

„Би им препорачал на нашите органи сосема смирена политика, без влегување во конфликт. Трендовите во регионот се позитивни и мислам дека одат во насока на општо смирување и на стабилизација на регионот.“

„Препораката е Република Македонија и владата да продолжат по својот пат и својата агенда, да нсастијуваат што повеќе да ги консолидираат оние процеси во Македонија коишто ќе значат надминување на економските, социјални проблеми, внатре во Македонија, бидејќи мислам дека политичките проблеми во Македонија генерално се надминати.“


Мирчев пак и со критика на адреса на македонските власти:

„Нас ни престои преиспитување на нашите дипломатски чекори кои ги имавме до сега. Мислам дека дипломатијата е малку заспана. Повеќе обрнуваме внимание на мултилатералата, а не обрнавме внимание на овој голем исчекор што го направија САД.“
XS
SM
MD
LG