Достапни линкови

logo-print

Индонезија: Најмалку 20 загинато во експлозии на две бомби


Најмалку дваесетина луѓе загинале, а четириесетина други биле повредени во денешните експлозии на две бомби на пазарот во индонезискиот градот Тентена каде што претежно живеат христијани. Шефот на тамошната полиција соопшти дека се уште не бил познат мотивот за нападите кои како што додал, ќе придонесат за влошување на безбедносната ситуација во земјата. Градот Тентена се наоѓа на шеесетина километри од градот Посо каде што пред пет години во судирите меѓу муслиманите и христијаните загинале илјада луѓе.
XS
SM
MD
LG