Достапни линкови

logo-print

Париз: Ширак уште еднаш побара позитивно изјаснување на референдумот за евро уставот


Францускиот претседател Жак Ширак во синоќешното телевизиско обраќање до нацијата уште еднаш побара од французите позитивно да се изјаснат на референдумот за Европскиот Устав, кој ќе се одржи в недела. Евентуалниот неуспех ќе значи нови поделби во Европа, изјави Ширак. Според последните испитувања на јавното мислење, поголемиот дел од француските граѓани ќе се изјаснат против Уставот на Унијата.
XS
SM
MD
LG