Достапни линкови

Преку казни, до кворум?


И зголемвањето н платите за речиси 50 посто не успева да ги доведе на работа пратениците. Суште поради немање кворум собраниските седници се прекинуваат. Казните предвидени според деловникот на собранието не се доволни, мора да им поригорозни материјални санкции велат експертие.
Не може да се спроведе законот за работни односи и да ги избркаш од работа пратениците но мора да се дефинира што е оправдано отсуство од работа, вели Рената Десковска доцент по политички систем:

„Треба еднаш материјални санцкии да им се направи и да се воспостават дисциплински мерки и да им се крати од плата. Нив не можете да ги бркате од работа, макар што треба да се дефинира и што е оправдано, а што неоправдано отсуство, кај нас кога и да се јави, се третира како оправдано отсуство,“

Според сегашните одредби на собранискиот делонвник, доколку еден пратеник неоправдано отсуиствува од три седници тој се казнува со пет насто од плата , додека за 6 месечно отсуство се одзема мандатот.

Стојан Андов претседател на Собранието во три мандата вели дека во првите два од 1991 до 94 и вториот до 98 не се случувало седница на парламентот да се прекине поради немање кворум но подоцна да бидејќи

„Во тоа време особено додека пратениците можеа да бидат и членови на разни Управни одбори каде што добиваа повеќе пари отколку пратеничката плата, тогаш тоа беше главната причина.“

За да не се дојде до прекинување на седниците поради немањето кворум Андов вели седницата треба добро да се организира

„Треба да се договара со координаторите. Треба да има кворум кога се гласа. Треба да има точен договор кога се гласа.“

Најказнуван пратеник во овој мандант е пратеникот на ДПА Мендух Тачи додека неговиот лидер Арбен Џафери е единствениот пратеник чиј мандат беше одземен поради неоправдано отсуство од работата на собранието во собранискиот состав 98- 2002.
XS
SM
MD
LG