Достапни линкови

Потребно конкретни проекти и ангажирање професионалци


Од Фондовите на Европската унија за оваа и наредната година за Македонија има околу 40 милиони евра, а за од 2007 се очекуваат околу 70 милиони годишно. Мегутоа во јавноста подолго време се говори за нецелосно искоруставуање на тие средства. Како главна причина најчесто се посочува слабиот капацитет на администрацијата, институциите.

„Една од главните причини треба да е отсуството на желба на политиката да препуштат некои работи на пониско ниво, кај луѓето што ги разбираат фондовите, кај луѓето што ја разбираат политиката на постоење и функционирање на ЕУ. Едноставно да ја препуштат работат на професионалците, а помалку да зграбуваат моќ и влијание за себе,“

изјави Зоран Јачев директор на Транспарентност Македонија

Надлежните пак велат во наредниот период акцентот ќе се стави јакнење на капацитетот на институциите:

„Во моментов мора да се подготвиме институционалнио. Да ги зајакнеме инстируциите, пред се, министерствата за земјоделие, финансии и локална самоуправа, меѓутоа и сите останати ќе треба да ги подготват своите луѓе. Ќе треба да изградиме свој систем,“

изјави Драган Тилев, раководител на владиниот сектор за европски интеграции.

Професорот од Економскиот факултет во Љубљана, Мојмир Мрак кој веке опреден период ги пренесува искуствата од Словенија во нашава земја посочува дека сите земји се соочуваат со проблеми и оние кои се фаза на проближување кон европските интеграции, како и оние кои се веќе во Унијата. Според него потребно е да се направат неколку работи

„Прво е земјата да има подготвени проекти, занчИ капацитет за подготовка на проекти, јас би рекол не идеи, туку навистина проекти со физибилити студии. Втора работа е да се подготви административна структура која е логична И може ефиаксно да ги користи средства, И како трето финансиски апсорпцискиот капацитет, а тоа значИ како да се обезбедат средства од домашниот буџет, бидејки Унијата не дава средства за реализирање на даден проект целосно, таа дава на пример околу 70 или 80 проценти , а останатите треба да ги обезбеди земјата.“
XS
SM
MD
LG