Достапни линкови

logo-print

Женева: Иран и ЕУ ќе ги продолжат преговорите за нуклеарната програма


Иран и Европската Унија се согласија да ги продолжат преговорите со цел изнаоѓање конечен договор за иранската нуклерана програма. Високи претставници на двете страни во Женева постигнаа согласност преговорите да продолжат кон крајот јули, со оглед на тоа што во идниот месец во Иран ќе се одржат претседателски избори. Инаку, денеска Светската трговска организација се согласи да ги започне разговорите за членството на Иран. Одлуката била донесена на затворената за јавност седница на Светската трговска организација што се одржа исто така во Женева. Агенциите, повикувајќи се на неофицијални извори, јавуваат дека тоа било овозможено откако Вашингтон по долго време, се согласил да биде прифатена иранската апликација.
XS
SM
MD
LG