Достапни линкови

logo-print

Багдад: Најмалку тројца загинати во самоубиствен напад


Најмалку три лица загинале, а шестмина други биле ранети во денешниот самоубиствен напад во Багдад, соопшти ирачкото министертво за внатрешни работи. Петнаесетина минути претходно, како што јавуваат агенциите, во друг дел на Багдад експлодирала мина во момнетот кога таму минувал американски конвој. Засега нема извештаи дали во овој напад имало жртви.
XS
SM
MD
LG