Достапни линкови

logo-print

Париз: Привршува кампањата за референдумот за евро уставот


Во Франција привршува кампања пред референдумот за Уставот на Европската Унија што ќе се одржи в недела. Според последните испитувања на јавното мислење, французите и натаму се против европскиот Устав. Претседателот Жак Ширак се очекува на вечерашното телевизиско обраќање да ги убеди да го прифатат. Лидерот на француската ултра десница Жан Мари Ле Пен на синоќешниот митинг во Париз изјави дека освен французите, Уставот ќе го отфрлат и граѓаните на Холандија на референдумот закажан за први јуни.
XS
SM
MD
LG