Достапни линкови

Велика Британија планира затворање на сите нуклеарни централи


Велика Британија планира во наредните дваесет години да ги затвори скоро сите четиринаесет нуклерани централи и да мине на искористување на обновливите извори на енергија како што се ветрот и сонцето. Многумина експерти се сомневаат дека Британија ќе успее во оваа своја намера.

Експертите веруваат дека не постои почиста, поевтина и посигурна енергија од нуклеарната. Дејвид Портер кој е директор на Асоцијацијата на производителите на електрична енергија вака ја опишува моменталната состојба во оваа сфера во Британија.

„Во Британија нашите термоцентрали кои произведуваат една третина од нашата струја се стари над триесет години. Нашите нуклеарни станици исто така стануваат се постари и постпено треба да ги затвораме.“

Портер додава дека употребата на ветрот за добивање струја не е е совршено решение, бидејќи станува збор за многу непостојан извор. Слично е и со употребата на силата на морските бранови. Во меѓувреме, земјата се обидува да ја намали емисијата на штетни гасови од термоцентралите во атмосферата. Постојат некои планови јагленот да биде заменет со земјен гас, но тоа, како што се додава, ќе значи и зголемен увоз на овој енергенс.

„Земјите кои имаат гас, секако се заинтересирани да го продаваат. Значи ние би немале некаков проблем со снабдувањето. Но, мислам дека на тој начин ќе бидеме многу зависни од движењето на цените на гасот во светот.“

Вели Портер. Многумина дури сметаат дека странските земји би можеле гасот да го употребат и како средство за остварување на некоја политичка цел. Поради таквата можност тие сметаат дека уште долго време во Британија, и покрај загриженоста од евентуални катастрофи како онаа Чернобилската во Украина и од нуклеарниот отпад нуклеарните централи ќе работат. Тие што се за ваковото решение го наведуваат примерот со Франција која поради ограничените енергетски извори користи над пеесет нуклерани централи. Повеќе од неа имаат само Соединетите Држави. Како дополнителен пример се посочува и Финска која гради нов реактор со сила од илјада и шестотини мегавати кој треба да биде пуштен во употреба во две илјади и деветата година.
XS
SM
MD
LG