Достапни линкови

Тригодишен аранжман со ММФ за структурни реформи и влез во ЕУ


Aранжман со Меѓународниот монетарен фонд во наредните три години ќе имаме, тоа значи ќе имаме обврски кои мора да ги спроведеме, а доколку тоа го направиме како награда ќе добиеме финансиски средства од меѓунарoдниот монетарен фонд. Средствата кој ќе се добијат можеби и не се толку битни колку што е значајно заживувањето на стопанството, отварањето на нови работни места, зачувувањето на вредноста на денарот, што за работникот значи дека и онака ниските месечни примања кој ги добива во наредниoт период нема да изгубат од вредност. Iмено, во наредните три години договорено е да има стапка на инфлација не повисока од 2%, додека растот на индустриското производство за оваа година да изнесува 3.8 за до крајот на 2008 година достигне 4.5%


„Многу сум задоволен што можам да кажам дека постигнавем договор за тригодишен стенд бај аранжман. Милам дека е тоа многу добра програма . Овој аранжман е клучен мост кој ќе ја воведе Македонија во Европската Унија. Но треба да знаете дека ви престои голема работа.“

Аранжманот ќе ги исполни зацртаните цели доколку државата успее да ги имплементира структурните реформи во судството, зраството , работните односи, се подобри бизнис климата.

„Ова е најдобриот аранжман за Република Македониј затоа што за разлика од досегашните фокусот го става на структурните реформи и како никој аранжман до сега и става обврски на државата,“

е ставот на гувернерот на нарадната банка Петар Гошев. И гувернерот со уверување , курсот на денарот останува стабилен:

„Продолжува политиката за макро економска стабилност, за разлика од други мислења во Република Македонија.“

Со ММФ преговарачите договорено е Македонија од 1 октомври да ги издаде и првите евро обврзници. Купувачи треба да бидат десетте најголеми европски банки, вредноста за која ќе бидат издадени овие харии сеуште не е точно дефинирана, а од владата не сакаат да ја откријат ниту намерата за што би биле употребени прибраните средства .

„Не можам да соопштам детали, тоа е природно, за секоја држава што издава обврзници не соопштува се во јавноста однапред, ниту пак е добро за пазарот,“

вели Никола Поповски министер за финансии. За време на двонеделните преговори Розвадовски неуспела да ја прочита економската програма на премиерот. Поповски вели, нема коализија меѓу тоа што го нуди премиерот и аранжманот како втора економска програма.
XS
SM
MD
LG