Достапни линкови

logo-print

Законот за употреба на симболите од утре во владина процедура


Предлог законот за употреба на симболите, еден до двете преостанати обврски кои произлегуваат од Рамковниот Договор веќе е подготвен и утре ќе се разгледува на владина седница, ова го тврдат извори на ДУИ кои се убедени дека ќе помине.

И во Министерството за правда кој е предлагач на законот велат дека тој е подготвен, но не знаат со сигурност дали владата на утрешната седница ќе расправа по него. Портпаролот Мира Илиева изјави:

„Не знам дали утре, но битно е дека имаме закон и во најскоро време ќе го поднесеме во владата.“

Ивори од ДУИ велат дека законот многу либерално ја регулира употребата на симболите на заедниците кои што живеат во Македонија. Албанските политички партии настојуваат употребата на знамињата на заедниците да се употребува не само во општините каде тие се во мнозинтво односно над 50 насто туку и во општините каде што се застапени со над 20 посто.

„Охридскиот договор тоа добро го прецизира и е прецизен дека употреба на знамињата на етничките заедници е во општините над 50 насто, ама мислам дека во интерес на државата мислам дека тоа е на сите општини каде е во употреба јазикот на други етнички заедници, мислам дека би било многу логично да се употребува и знамето на таа етничка заедница. Ова го кажувам бидејќи секоја етничка заедница која е над 20 насто во општина, би било логично и нивното знаме да се вее,“

вели пратеникот на ДУИ Рафиз Халити.

Дали предлог законот за употреба на симболите кој треба да се најде пред Владата содржи ваква одредба никој не дава одговор на ваквото прашање.

„Се додека владата не го утврди на сопствена седница, затоа што владата може да го врати на доработка и после што сме направиле? Така што, се додека не се утврди на влада, не ги даваме тие информации.“

Инаку прашањето за употребата на симоболите деновиве го актуализира ПДП која побара лидерска средба кај претседателот за да се усогласат ставовите на парламентарните партии околу ова прашање.
XS
SM
MD
LG